Белоруската тенисерка Арина Сабаленка одлично ја започна тековната сезона. Го освои турнирот Австралија опен откако ја совлада Чинвен Женг во финалето. Помина многу полошо на турнирот во Дубаи, каде што беше елиминирана по првиот меч, од Дона Векиќ (7:6, 3:6, 0:6).
Белорусинката, поради тој пораз, имаше малку повеќе слободно време, па ја искористи можноста да биде уште поактивна на социјалните мрежи. Одлучи да ги покани своите обожаватели на интеракција на социјалните мрежи. Еден од нив побара „жешки фотографии“, но доби неочекуван одговор.
– Дали е ова доволно жешко?! – праша и додаде фотографија на која го покажува средниот прст.
Тој, секако, не очекуваше ваков одговор од тенисерката, која во наредниот период ќе настапи на мастерс-турнирот во Индијан Велс.
Сабаленка во минатото често имаше несогласување со публиката на турнирите , и не им беше баш миленик на навивачите, но се промени тоа. Сега сите ја сакаат, секогаш е насмеана, не постои нервоза.
– Би кажала дека сега сум поотворена. Мило ми е што успеав да изградам пријателства. Особено она со Пола – изјави Сабаленка за ВТА инсајдер, мислејќи на шпанската тенисерка Пола Бадоса, девојката на грчкиот тенис Стефанос Циципас.
Сабаленка додаде:
– Порано бев затворена и се плашев да се отворам кон луѓето. Навистина ми е драго што имам пријателка како Пола. Тоа ми помогна. Таа е најдобра. Ја сакам оваа девојка многу.
Благодарение на пријателството и работата на себе, второпласираната тенисерка во светот стана помирна на теренот, што ѝ овозможува да постигнува уште подобри резултати.