Соединетите Американски Држави, Кина и Унгарија ќе бидат домаќини на натпреварите од првото издание на Светската пливачка серија на ФИНА. Серијата од три натпреварувања ќе биде со рекорден награден фонд од 3,9 милиони долари.
Натпреварите од новата Светска пливачка серија ќе се одвиваат во 50-метарски базени со директни финалиња без квалификациски фази. На овие натпревари ќе пливаат само олимписки и светски шампиони и рекордери како и пливачи со специјални покани според нивниот рејтинг.
Серијата за прв пат ќе биде спроведена од март до мај годинава, а секој од турнирите ќе трае по три дена.