Плачев, но не се гледам во друг клуб

48

Во последното интервју кое го даде за „Ел Мундо Депортиво“, францускиот интернационалец Самуел Умтити, откри дека плачел за време на последниот состанок кој го имал со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

Иако бил информиран дека шефот на стручниот штаб, Роналд Куман, повеќе не смета на неговите услуги, централниот дефанзивец го убедли претседателот на Барса, да му дозволи да остане на „Ноу Камп“.

  • Не зборам многу, но кога ќе кажам нешто, тоа го кажувам од срце. Плачев на состанокот кој го имав со претседателот. Тоа за мене беше важен разговор и претседателот мораше да види колку сакам да му помогнам на тимот и на тимските колеги. Тоа сакав да му го кажам. Ми кажа дека морам да се трудам, само така ќе дојдам до поголема минутажа кај Куман. Од првиот ден покажав дека сум голем работник, дека го сакам овој клуб, и на крајот се се промени. Се. Се чувствувам осмено. Не верувам дека некој од клубот му има кажано на Куман да не ме користи. Мислам дека тој сам ги носи сите одлуки. Можеби некој нешто му кажува, но на крајот, тој одлучува, изјави Умтити.

Централниот дефанизвец ја освои светската титула со Франција на Мундијалот во Русија, но во актуелната сезона нема одиграно ниту една минута. Барселона сака да го продаде или позајми за време на зимскиот преоден рок, но Умтити тврди дека е спремен за игра и чека шанса кај Куман.