Платоа за успорување на сообраќајот пред училиштата и градинките

20

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ во соработка со Општина Кисела Вода, на главните сообраќајници пред општинските основни училишта „Св. Климент Охридски“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и пред градинката „Сончоглед“ постави платоа за успорување на сообраќајот.

Како што информираат од Општината, поставените платоа пред главните влезови на училиштата имаат за цел да ја зголемат безбедноста на учениците кои секојдневно ги преминуваат прометните улици.

Во периодот што следува, се наведува, активностите за поставување платоа ќе продолжат, а Општина Кисела Вода во соработка со Градот Скопје и понатаму ќе работат на подигнување на безбедноста на улиците, како за учениците така и за сите учесници во сообраќајот.