Плата од 500 евра газдата го чини 750, давачките превисоки за малите фирми

67

Плата од 500 евра која фирмата му ја дава на работникот, всушност газдата го чини 750, бидејќи давачките кон државата изнесуваат 250 евра. Овој трошок е превисок, особено за малите фирми, алармираа вчера од Комората на сметководители.

За фирмите, како што нагласија, проблем се и честите промени во даночната регулатива, кои се прават без консултации со стопанството.

А од стартот на идната година ќе се зголемат стапките на придонесите за нови 0,5 отсто, па фирмите ќе треба да плаќаат 18,8 проценти за пензиско осигурување и 7,5 отсто за здравствено. Или, според сметководителите, за една година трошоците за придонеси пораснале за еден процент.