Пирло го побара Парти

51

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на стандардниот првотимец во дресот на шпанскиот гигант Атлетико (М), Томас Парти. Одличниот играч за врска веќе изјави дека сака да игра за тим кој секоја година ќе се бори за трофејот на домашната сцена и во Лигата на шампиони. Парти е проценет на околу 50 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажаа челниците на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, кои не се подготвени да одвојат таква парична сума за обештетувањето.