Пиоли лут на играчите на Милан

68

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли има многу замерки за играта во одбрана на својот тим по поразот од Интер (2:4) во натпреварот од 23. коло од италијанскиот шампионат.

  • Во првото полувреме, нашата стратегија функционираше многу добро. Можеби заслуживме да поведеме и повеќе од 2:0. За жал, тие два момента во кои моравме да играме многу подобро го сменија текот на натпреварот. Фактот што примивме два гола за три или четири минути стана пресуден. Интер е многу поискусен тим од нас. Јас сум лут на моите играчи поради играта во одбрана кои не ги исполнија обврските и затоа бевме казнети, изјави Пиоли.