Поранешната француска тенисерка Марион Бартоли го критикуваше Жерард Пике, кој преку компанијата „Космос“ ги купи правата на Дејвис куп натпреварувањето.

Тенисерката вели дека е незадоволна од новиот формат, но и од фактот што Пике и неговите соработници постигнале договор натпреварувањето следните пет години да се одржува во Абу Даби.

Навистина сум шокирана, не можам да поверувам дека некој се согласил пет години Дејвис купот да се игра во Абу Даби. Пике ја користи шансата за профит, но не треба да заборави дека кога се купува нешто, поентата не е да го уништиш. Секогаш можеш да смислиш нешто интересно за да ги привлечеш фановите, но играње во Абу Даби не е добра опција.

Моментно Дејвис купот се игра на три локации во Торино, Инсбрук и Мадрид, а завршните мечеви ќе се играат во шпанската престолнина.