Пивата, соковите и минералната вода од утре со пониска цена

107

На листата производи со гарантирана цена ќе влезат безалкохолните пијалаци, негазираните и газираните, минералната вода и пивото, одлучи Владата. Донесена е нова одлука и за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот со што Владата очекува да се намалат цените од 10 до 30 проценти, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

– Определивме највисока трговска маржа за овошјето и зеленчукот за сите трговци на големо е утврдена во вкупен износ од 10 проценти, а во трговијата на мало е утврдена во вкупен износ од максимални 15 отсто. Следуваат одлуки за намалување на увозните давачки за свежи зеленчук, ориз и портокали, лимони и мандарини и намалување на царинските ставки за млечни производи над 10 проценти. Со претходната одлука од 19 септември ја намаливме цената на овошјето и зеленчукот на 10 проценти, но министерството за економија увиде дека со намалување на маржите цената ќе се намали за 30 отсто, изјави Ковачевски.

Владата очекува дека со гарантирана цена на производите ќе успее да ја стабилизира инфлацијата до крајот на годината.