Пејачот Љуба Аличиќ ја откри тајната: дрогата го уништи Џеј Рамадановски!

287

Пејачот Љуба Аличиќ, кој публиката го препознава најмногу по мегахитот “Циганин сам, ал најлепши“, искрено раскажа од кои причини почина неговиот колега Џеј Рамадановски (пејач кој имаше македонски корени од околината на Ресен).

– Џеј го уништи дрогата, но кој е виновен за неговата љубов кон порокот освен тој самиот. Ја имав дрогата и јас пред мене многу пати, па апсолутно никогаш не сум ја пробал. Сакав нормален живот, а тој само дрога, па дрога! Што му донесе дрогата? Ништо! Само го однесе од овој свет.

И Џеј имаше шанси да живее нормално, но не успеа да се извлече.

Така и почина, во канџите на дрогата. Не знам како можеше да пее така нашмркан? Јас не би можел да испеам една песна ако бев толку запустен! Штета е кога човек не може сам да си помогне. Тој беше голем пејач со многу хитови. Невиден талент за музика. Дрогата е големо зло кое не му требаше на големиот музичар…