Пејачот Мишко Крстевски без политика: “Не играјте играчки со нас – под итно да се симне забраната“!!!

368

Во изјавата за ВЕЧЕР, Мишко Крстевски вели дека “Животот и со коронавирусот мора да продолжи, дека не смееме како свилените буби да се обвиткаме со сопствената свила за да умреме…“

Додека траеше официјален карантин поради опасниот вирус, популарниот македонски фолк пејач Мишко Крстевски го немаше долго време. Но дека е тука, по дома, во Македонија, тоа е сосема јасно.

Деновиве пред публиката (преку ФБ) се јави со новиот имиџ со кој не сме навикнати да го гледаме, па и самиот тој ги запраша фановите: “Што мислите за овој имиџ“? Фановите му одговориле дека е уметнички и дека е поубав вака со седа брадичка. Во изјавата за ВЕЧЕР/vecer.press Мишко Крстевски вели дека “Животот и со коронавирусот мора да продолжи… Економијата мора да функционира. Не смееме како свилените буби да се обвиткаме со сопствената свила за да умреме во неа. Ќе ги почитуваме пропишаните мерки и… да чекориме напред“.

Но Мишко е и многу лут поради забраните кои се уште траат во врска со настапите на музичарите во угостителски објекти. Тие од тоа живеат, а сега немаат ништо, со празни паричници се, немаат извор на приходи, па нивната егзистенција стана крајно алармантна.
-Под итно треба да се симне забраната за изведување на музичка програма во угостителските објекти.Треба да се почитуваат пропишаните мерки за однесување на гостите во угостителските објекти, а музичарите ќе си стојат на местото што ќе биде определено за нив и од таму тие не го загрозуваат здравјето на гостите.
Музичарите се дел од културниот амбиент на општеството.

Оваа моја реакција е во име на сите нас кои се занимаваме и живееме исклучиво од естрадни активности, а немаме веќе 4 месеци ни денар приходи, ни помош од државата.
Не играјте играчки со нас! Во ситуација кога не постои (не функционира) естрадно здружение, “некој” се поигрува со нас, објаснува популарниот пејач.

Да се надеваме дека неговите реакции ќе стасаат на вистинска адреса, бидејќи без песната на музичарите ресторани и кафеани не функционираат. Или како што му порачува еден негов фан “да се јаде и дома може, не мора во ресторан, но на луѓето им треба песна како душевна храна“. И, токму така!

Дуле Миќиќ