Популарниот пејач Дарко Лазиќ кој неодамна ослабна преку 30 килограми благодарејќи и на медицинската техника со стеснување на желудникот и кој потоа доживеа семејна трагедија, бидејќи татко му починал, сега привлекува огромно внимание со својата палавост.

Скапите чизми на Лазиќ предизвикуваат лавина од негативни коментари

Тој се луксузира на секој чекор, а има големи лихварски долгови, кои во меѓувреме пораснале дури на два милиони евра.
Лазиќ овие денови заедно со свршеницата и синот одмара на Копаоник, додека неговите фанови се гневни поради неговата финансиска лудост. Во ова време на коронавирусот кога естрадата ништо не заработува, тој носи машки зимски чизми кои чинат околу 470 евра и тоа на попуст, а инаку редовната цена им е околу 780 евра.

И ете така, додека многумина немаат за јадење, за плаќање на сметките, за греење, Дарко има пари со кои се покажува како голем фраер фалбаџија. Како не му е срам? Д.М. фото:Инстаграм