Пејачката Мартина по загубата на сопругот Антонио: “Ми фалиш душичке….”

79

Некогаш многу популарната македонска поп пејачка Мартина Димовска во 2015 година, се омажи за бизнисменот Антонио Парапулов, кој бил повозрасен од неа. Но, сепак слатката Мартина беше бесконечно вљубена во него, а како резултат на таа љубов им се роди ќеркичката Антонија. Сепак прстите на судбината се замешаа и се случи трагедија една кобна ноќ сред Скопје….. нејзиниот сопруг Антонио Парапулов беше еден од починатите во возилото “Сеат-алтеа.” По трагичната загуба, Мартина својата болка често ја споделува и на социјалните мрежи. Сосема ја разбираме…. И сега еден месец по смртта на сопругот, таа покрај болката го искажала и сиот свој гнев и клетва кон душманите:

“Токи мој….месец дена помина откако проклетите душмани те земаа…..Ми фалиш душичке, ми фалиш Муцееее… Антониа те бара, срцево те бара!!! Знам дека не гледаш и не чуваш од горе ми даваш сила да се борам како лавица!!! Тој што ни ја нанесе болката му посакувам истово да го доживее…. Те сакаме“, емотивно напишала Мартина, предизвикувајќи солзи во очите на секој оној што ќе го прочита нејзиниот статус.
Д.М.