Пешачката патека спроти Соборниот храм преуредена и ослободена од возила

124

Пешачката патека спроти Соборниот храм којашто беше блокирана за движење на пешаците од паркираните возила сега е преуредена и ослободена од возила на задоволство на граѓаните, информираат од Град Скопје.

На тротоарите се поставени столпчиња коишто го спречуваат паркирањето на возила, а оштетениот  асфалт од патеката е заменет со нов плочик. Во средишниот дел на оваа  пешачка патека е засадено зеленило, а ќе се  поставени  и нова урбана опрема.

Како што велат од Градот полека, но сигурно се менува изгледот на градот на начин што обезбедува сериозно повисоки стандарди за квалитет на урбаните јавни простори, по стандардите на европско Скопје.