Пет шут-карти во јануари

54

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Маурицио Покетино, планира да подели пет шут-карти за време на зимскиот преоден рок. Аргентинскиот стручњак ги информирал клупските челници дека повеќе нема потреба од услугите на Ерик Даер, Кристијан Ериксен, Серж Ориер, Виктор Ванјама и од тие на Дани Роуз.

Иако е најдобар во неговиот тим, Ериксен ќе биде продаден во јануари затоа што има договор со Тотенхем до крајот на актуелната сезона и челниците не сакаат да си замине без никакво обесштетување.