Пет француски нуклеани централи добија дозвола да испуштаат потопла вода од предвиденото

93

Нуклеарните централи Блаје, Сен-Албан-Сен Морис, Голфеш, Бугеј и Трикастин до 11 септември ќе бидат дел од еколошките исклучоци во врска со температурите на испуштање вода поради високите температури, и покрај влијанијата и можни негативни ефекти врз животната средина. Уредбата објавена денеска во Службениот весник на Франција поставува „нови ограничувања за термичко празнење применливи за реакторите на нуклеарната централа Бугеј, Блаје, Сен-Албан-Сен Морис, Голфеш и Трикастин“, јави дописникот на МИА.

Во уредбата се прецизира дека спроведувањето на овие мерки ќе биде „поврзано со програма за засилен мониторинг на животната средина“.

Секоја централа има свои регулаторни температурни граници на испуштање вода кои не смеат да се надминат, за да не се загреат околните водни патишта и да се заштити фауната и флората. Електраните пумпаат вода за да ги ладат реакторите, пред да ја испуштат повторно.

Овие отстапувања се оправдани со фактот дека „во отсуство на каква било привремена промена на сегашните граници на термичко празнење, операторот би морал да ја прекине работата на овие нуклеарни централи или да го намали нивното производство за да го ограничи загревањето на вливот на Жиронд за електраната Блаје, Рона за електраните Сен-Албан-Сен Морис и Бугеј, Гарон за електраната Голфеш и каналот Донзер-Мондрагон за нуклеарната централа Трикастин“, дури и тоа „одржување на минималното ниво на производство на електрична енергија од реактори на нуклеарни централи (…) претставува, во поглед на безбедноста на електричната мрежа, јавна потреба“.

„Нуклеарната централа Бугеј штотуку доби овластување да испушта вода што е потопла од вообичаено. Ова нема да помогне да се подобри биолошката разновидност во Рона, која страда од летните топлотни бранови, како и сите француски реки“, реагира на Твитер невладината организација France Nature Environnement (Франција природа средина).