Пет лица се уапсени во врска со давењето на мигранти во Ла Манш

24
Според официјалните податоци, 27 мигранти се удавија во средата во Ла Манш откако нивниот брод се преврте, меѓу кои три деца, една трудница и уште шест жени, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманен.
Дарманен рече и дека полицијата уапсила пет лица осомничени дека се директно поврзани со овој случај, но не соопшти детали за наводните врски.