Групата „Солидарност за младата лизгачка“ одржа прес-конференција на која соопшти дека најмалку пет млади лизгачки од Јужна Кореја се сексуално злоставувани од своите тренери, пренесува „АП“. Големиот скандал во оваа азиска држава почна со изјавата на двократната олимписка шампионка во брзо лизгање Шим Сук-хи дека нејзиниот тренер во повеќе наврати ја силувал.
По неа, повеќе јужнокорејски спортисти изнесоа слични тврдења. На Сук-хи и се придружиja натпреварувачи во џудо, таеквондо, и борење кои ги обвинија своите тренери за сексуално злоставување.
Пратеничката Сон Хје-вон која присуствуваше на пресот побара истрага за Џенон Мјенг-гју, тренер кој е посочен за делото врз младата лизгачка и човекот кој се смета за „кумот“ на брзото лизгање во Јужна Кореја.
- Направени се многу злоставувања на лизгачката сцена, но престапниците во многу случаи минаа неказнето, изјави Сон.