Петти јубилеен меморијален турнир во мал фудбал „Валентин Стефановски“

100

Во спортската сала „Јордан Пиперката“,  во Демир Хисар, в недела ќе започне петтиот меморијален турнир во мал фудбал „Валентин Стефановски“.
Турнирот и оваа година е во организација на Здружението на граѓани „Валентин Стефановски“, а под покровителство на Општина Демир Хисар.

-Овој меморијален турнир кој се организира во чест и сеќавање на нашиот сограѓанин и другар Валентин Стефановски, прерасна во препознатливо спортско обележје за нашиот град, па затоа, исто како и изминатите години, Здружението на граѓани „Валентин Стефановски“ ќе се погрижи и оваа година тој да се одвива беспрекорно, во најдобро светло. Поучени од грешките, со уште поголема самодоверба и желба, се надеваме дека овој петти по ред турнир ќе биде на едно позитивно скалило погоре од изминатите-потенцираат организаторите

Тие ги поканија сите заинтересирани екипи од цела држава, и тие кои веќе учествувале и оние кои се двоумеле за учество минатите години, да се приклучат и заедно да му оддадат почит на Валентин Стефановски- информираат од Здружението „Валентин Стефановски“, Демир Хисар.