Петнаесет лица повредени во автобуска несреќа во Северна Италија

133

Петнаесет лица биле повредени саботата во нова автобуска несреќа во градот Местре, во северна Италија, единаесет дена по несреќата на автобус во истиот град, во која животот го загуби 21 лице, јави ДПА.

Полицијата соопшти дека овој пат електричен автобус излетал од патот на кривина и удрил во станбена зграда. Ниту една од жртвите не е во критична состојба, соопштуваат италијанските власти.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруниаро, на социјалната платформа напиша дека сите автобуси на компанијата „Линеа“ во областа Венеција „веднаш ќе бидат сопрени и нема да сообраќаат“.

Автобусот, кој од висина од десет метри пред 11 дена падна врз електрични жици во близина на железничката станица во Местре, исто така беше изнајмен од управата на кампот Ху во областа Маргера во градот. Претходно оваа недела, италијанските обвинители отворија истрага против три лица, вклучително и извршниот директор на „Линеа“ и двајца службеници од градското собрание задолжени за мостови и патишта. ДПА потсетува дека обдукцијата извршена врз телото на 40-годишниот возач на автобусот покажала дека тој е здрав. Имаше првична верзија дека му се слошило зад воланот.

Според италијанските медиуми, цитирани од ДПА, возачот на автобусот кој синоќа излетал од патот, имал здравствен проблем и поради тоа изгубил контрола над возилото. Како и повеќето патници, тој има релативно полесни повреди.