Петнаесет илјади белграѓани го пееја со планетарната ѕвезда Род Стјуарт неговиот мегахит „Do you think i’m sexy” – Англискиот пејач тргна на својата светска турнеја од Србија

259

Во публиката имаше и многу познати личности од српскиот шоу-бизнис, меѓу кои и пејачката Неда Украден. И таа фантастично се забавуваше, па потоа му испрати највпечатлива порака преку Инстанграм: „Дали сметате дека сум секси?”, со една своја фотографија, алудирајќи на овој голем негов светски хит

Планетарно популарната естрадна ѕвезда, Род Стјуарт, вчеравечер го освои Белград. Секако, со голем спектакуларен концерт, кој се одржа во белградска „Арена“, пред повеќе од 15 илјади огнени обожаватели. Во публиката имаше и многу познати личности од српскиот шоу-бизнис, меѓу кои и пејачката Неда Украден. И таа фантастично се забавуваше, па во еден момент испрати, за разлика од другите, мошне впечатлива порака преку Инстанграм:

– Добредојдовте г. Род Стјуарт во Белград, во Србија! Дали сметате дека сум секси? – го праша храбро Неда Украден, алудирајќи на големиот негов светски хит, песна што ја испеа тој на овој белградски концерт.

А, реaкциите на присутните беа фантастични. Со движењата на сцената, тој потсетува на Миг Џегер, па и од тие причини публиката воопшто не мирува нa концертите, од првата до последната песна. Сите танцуваат, се гушкаат и ги пеат неговите песни од тиражните албуми: A night on the town, Blondes have more fun, Every beat of my heart, Vagabond heart , Merry Christmas baby, Blood red roses….

Инаку, светски познатиот музичар ја започнува , оваа своја светска турнеја токму од Србија. Пред концерт, одвои доволно време да се прошета низ Белград, да се сретне со обичниот нормален свет на повеќе белградски локации. Па така, влезе во една продавница, случајно избрана, не криејќи ја својата одушевеност. Пред продавницата, се фотографираше како што би направал секој од нас, не глумејќи ѕвезда.

– Одлична продавница во која има многу работи за кои не знаев дека ми требаат – порача насмеаниот Стјуарт, не можејќи да поверува со свои очи дека Белград е, исто така, одлично снабден како и неговиот Лондон.

За оние што малку знаат за Род Стјуарт, роден е во Лондон, на 10 јануари 1945 година, како најмало од петте деца на своите родители. Татко му бил Шкотланѓанец, а мајка му Англичанка. Детството го поминал во северниот дел на Лондон.Татко му го поддржувал во неговата амбиција да стане професионален фудбалер, но никогаш не се случило тоа. Пред да биде ова што е денес, Род работел неколку години како гробар.

– Работата на гробарот ми ги отвори очите. Разбрав дека животот ни е во минување, дека сите завршуваме во црна, ладна земја. Затоа многу си го засакав животот, ги сакам луѓето и ниту една грижа, а ги имав многу, не ја зедов здраво за готово.             Само така полесно си ги решавав проблемите. Моето мото беше и остана дека и онака таму, под земјата, никој на ништо нема да се сеќава, на ниту еден проблем, ниту на една радост – раскажа Стјуарт за филозофијата на живеење.

Тој нагласи дека музиката и фудбалот му се сè, единствените две работи што знае да ги работи. Да игра фудбал и да пее. И навистина, како пејач, и понатаму е одличен, без разлика на пристојните години. Род има дури осум деца и се женеше неколку пати.      Сè уште е активен на музичката сцена и им пркоси на годините.                                  Д.М. / фото:архива