Петмина повредени за време на пробата на парадата на коњаницата во центарот на Лондон

49

Најмалку пет лица се повредени, од кои две потешко, кога денеска се урнаа делови од две трибини за гледачи за време на пробата на парадата на коњаничката гарда во центарот на Лондон, на која се одбележува официјалниот роденден на британскиот суверен.

Армијата објави дека едната трибина попуштила, а тој дел од другата набрзо се срушил, јави Би-Би-Си.

Од лондонската брза помош изјавија дека двајца пациенти се префрлени во главните трауматолошки болници како приоритет.

На лице место се згрижени уште три лица, а едно од нив подоцна е префрлено во болница.

Армијата и полицијата ги евакуираа гледачите од трибините за да извршат безбедносни проверки.

Извор:www.inews.co.uk