Со претставата „Лето во кое те нема“ на малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес синоќа гостуваше ансамблот на Кумановскиот театар.
Автор на текстот за претставата е Петар Андоновски, а во неа играат Марко Трајковиќ, Марко Богдановски, Ангела Стојановска и Игор Трајковски.
Пред почетокот на претставата, публиката имаше можност да го проследи разговорот меѓу Сашо Димоски, директорот на велешкиот театар и авторот Петар Андоновски. Андоновски во разговорот истакна и воедно им порача на режисерите дека е добро дела од македонските текстописци да бидат изведувани на театарските сцени во земјава.
Тој рече дека во Македонија има одлични текстописци чии дела се преведувани на англиски и други светски јазици и читани во странство, па им порача на македонските режисери порај странските за своите претстави да земаат текстови од македонски автори.