Песокот кој туристите го собираат за спомен од плажите на Сардинија повторно се враќа таму

116

Песокот собран од куферите на туристите кога заминуваат од Сардинија се враќа таму каде што му е местото – на брегот на италијанскиот остров.

Локалните власти и стручњаците за заштита на животната средина се здружиле со аеродромот Олбиа за ги вратат песокот, каменчињата и школките конфискувани од куферите на патниците на плажите на славниот сардиниски Смарагден брег.
Управата на аеродромот Олбиа спроведува систематски проверки на багажот на патниците за да се оневозможи шверцувањето песок, што се казнува со казна помеѓу 500 и 3000 евра.

Конфискувано околу десет тони песок, генерално шверцуван во полулитарски шишиња, изјави директорот на морскиот резерват за североисточниот брег на Сардинија.

„Тоа покажува колку е раширено одземањето песок од плажите“, истакнал за Коријере дела Сера шефот на резерватот на природата на островот, Таволаро Аугусто Навоне.

Претставници на резерватот, на шумарите, на регионалните власти и управата на аеродромот Олбија потпишале нова спогодба за враќање на колку што е можно поголемо количество конфискуван песок на плажите на Сардинија.

Во договор со геолозите, идентификувани се две места за враќање на песокот – плажата Порто Сан Паоло, која се наоѓа јужно од Олбиа, и островчето Таволаро, каде што ќе бидат вратени каменчињата и школките.

Службениците на аеродромот годишно одземаат околу два тони украден песоко, пренесе локалниот сајт Галуда оџи, и додаде дека од минатото лето уште 500 килограми се конфискувани од патници на траектот во пристаништето Олбиа, каде што контролите се ригорозни.

Некои градови на Сардинија, во кои некои се наоѓаат некои од најпопуларните италијански плажи, предложиле забрана за пешкири и големи торби за да им се оневозможи на туристите, намерно или ненамерно, да го разнесуваат и песокот од кревкиот брег.

„Секое зрнце песок е дел од нашето исчезнување“, изјави регионалниот советник за заштита на животната средина Џани Лампис, по потпишувањето на спогодбата.
„Треба да им објасниме на младите дека мораме да се бориме против таквото однесување“, додаде Лампис.