Персонален асистент за учениците со физичка попреченост

79

Град Скопје овозможува бесплатно, персонални асистенти за учениците со физичка попреченост од средните училишта на Град Скопје, а кои имаат потреба од помош и придружба при движење.

За таа цел, отворена е можноста, родителите на учениците кои имаат потреба од користење на услугата, да се пријават во Одделението за социјална, детска и здравствена заштита (лично или на телефонскиот број: 02/3297-321) и да ги остават следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште во кое учи ученикот, адреса на живеење и контакт телефон од родител/старател/друго овластено лице.

Потоа, стручен тим од Црвениот крст на Град Скопје врши посета во домовите на пријавените лица, прави проценка на потребите и врз основа на тоа изработува индивидуален план за реализација на услугата.

Услугата од персонален асистент е целосно бесплатна за учениците и нивните семејства, а финансиите се обезбедени од Град Скопје.