Перо Камиказа од „Меморија“  ѝ го посвети златниот медал на починатата сестра Мирјанка

176

Тагата во семејството на фронтменот на групата „Меморија“, Перо Георгиевски-Камиказа, е голема. Тој објави дека починала неговата сестра Мирјанка.

Но, животот е непредвидлив, па истиот ден кога почина сестра му, Перо Камиказа учествуваше на трка во Маврово, каде што го освои златниот медал, кој нејзе ѝ го посвети.

– Почина сестра ми. Јас, стигнат во Маврово за трка. Ја извозев со солзи во душата. Златниот медал ѝ го посветувам на сестра ми, со сето срце и душа. Недостигаш, Мирјанка. Под насмевката – болка, под болката – немир, но животот оди понатаму. Уште еднаш, почивај во мир, Мирјанка – напиша Перо многу емотивно.

Перо е премногу чувствителна личност, познато ни е дека се расплака неодамна, на прес-конференцијата на групата „Меморија“ (ќе има концерт на 16.11.2024, во Скопје) и смртта на сестра му, разбирливо, е дополнително голем удар за него.             Неговата сакана сестричка Мирјанка, за жал, почина по кратко боледување.

– Од неа научив еден куп работи. Тие работи ја красат мојата личност и се основен белег на моето постоење. Го разбуди поетот во мене. Таа секогаш беше праведен критичар на сè што правев низ годините. Тивка, ненаметлива и со многу љубов до последниот здив, беше мојата и ваша Мирјанка – е мал дел од емотивната посвета на Камиказа за сестрата.