Пеп не се пали ниту на 20 мил. евра

107

Менаџерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја одбил понудата да го предводи италијанскиот калчо гигант Јувентус.

Според „Еуроспорт“, италијанскиот шампион му понудил на 48-годишниот стручњак договор со плата од повеќе од 20 милиони евра годишно.

Позицијата на тренер во Јувентус останува испразнета по заминувањето на Масимилиано Алегри.

Главниот кандидат за тренерското столче е менаџерот на Челзи, Маурицио Сари.