Пентагон потврди: Ракетата истрелана од „Патриот“ ја собори руската верзија „Авакс“

5632

Ракета од американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ била одговорна за соборувањето на рускиот авион А-50, кој се користи за рано откривање и контрола на воздушниот простор, потврди американски воен претставник. Како што објави Воената зона, авионот, кој се смета за руска верзија на Авакс и вреди 350 милиони долари, беше соборен на 14 јануари над Азовското Море.

Тоа е првиот од вкупно двата авиони од овој тип што украинските сили ги соборија во рок од пет недели. Претходно, украински функционер изјави дека вториот руски А-50 бил соборен со ракета С-200, која датира од времето на СССР.

Говорејќи на панелот на симпозиумот за 2024 година на Американското здружение за теренска артилерија, полковникот Розана Клементе, помошник началник на Генералштабот во 10-та армиска команда за воздушна и ракетна одбрана, потврди дека првиот А-50 го соборил системот Патриот, кој бил испорачан до Украина од страна на Германија.