Пензионирани полицајци и воени лица им го земаат ќарот на таксистите

288

Групација на автотакси превоз бара Градот Скопје да ги спроведе сопствените одлуки и правилници со кои се регулира такси превозот во градот. Според нив, низ Скопје возат над 5.000 таксисти иако Градот има издадено 2.400 лиценци.

– За пет пати помалку таксисти се плаќаат придонеси. Најголемиот дел од таксистите без лиценци се пензионирани полицајци и воени лица кои покрај високите пензии заработуваат на сметка на државата бидејќи не плаќаат придонеси, вели претседателот на групацијата Сашо Рајчановски.

Според него, овие таксисти ја оштетуваат државата и градот за износот на неплатените придонеси некаде околу 2 милиони евра годишно и им го одземаат работното местото на 1.500 до 2.000 таксисти кои би биле експресно вработени кога би се сузбиле дивите таксисти.

Рајчановски вели дека во последната средба со градоначалникот Петре Шилегов околу проблемите им било речено дека наскоро ќе биде формирана комунална полиција, но од тогаш ништо не е направено.