Пендаровски ќе добие нов костум по мерка на Хузамедин и Џељадин/фото

97

Претседателот Стевио Пендаровски ќе се поднови со костум по мерка на старите скопски кројачи Хузамедин и Џељадин. Пендаровски ја објави веста и фотографии на социјалните мрежи, на кои е заедно со двајцата мајстори на својот занает.

„Ми причинува задоволство што денеска наминав кај кројачите Хузамедин и Џељадин коишто својот занает заедно го печат без малку 4 децении, а во изминативе 22 години успешно го градат својот заеднички кројачки бренд „Иска и Џељо“, и своето знаење им го пренесуваат на двајцата чираци“, напиша претседателот Пендаровски.