Пендаровски утре на пладне ќе му го врачи мандатот на Заев

30

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, утре – 13 август 2020 година, четврток, во 12:00 часот, мандатот за состав на Владата ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието, соопштија пред малку од Кабинетот на Пендаровски. 

 – Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, се вели во соопштението од кај Пендаровски.