Пендаровски се сретна со сопственикот на Манчестер Јунајтед

49

Претседателот Стево Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос се сретна со сопственикот на Манчестер Јунајтед, Аврам Глејзер.

Како што напиша Пендаровски на социјалните мрежи, тие разговарале за македонскиот репрезентативен фудбал, за Роналдо, но и за најновите засилувања на Манчестер.

-Разговаравме за подемот на македонскиот репрезентативен фудбал и квалитетот на нашите фудбалери. Зборувавме и за Роналдо, несомнено еден од најдобрите. Ја имав честа од прва рака да чујам за неговиот иден статус и за најновите засилувања во клубот, појасни Пендаровски.

Пендаровски како шеф на државата присуствува на Светскиот економски форум во Швајцарија.