Македонскиот претседател Стево Пендаровски, имаше привилегија да го подигне златниот пехар на ФИФА, а пред присутните во Скопската пивара се заблагодари на организаторите за честа Македонија да биде една од земјите на оваа турнеја.

-Благодарност до организаторите и спонзорт на овој настан, како и на Светската фудбалска федерација, што ни овозможија вакво задоволство и чест да бидеме една од ретките земји каде е претставен трофејот наменет за светскиот шампион. Од 211 земји членки на ФИФА, овој трофеј ќе патува само во 56 земји, од кои 32 веќе се пласирани на СП, а ние сме во останаите 19 држави. Јас се надевам дека во блиска иднина, наместо претседателот на државата, овој трофеј ќе биде високо кренат и од капитенот на македонската фудбалска репрезентација. Верувам дека тоа не е недостижно и нема долго да чекаме на тој момент, рече првиот човек на Македонија.