Екипата на Пелистер претрпе пораз на последниот ден од турнирот на Златибор, откако подобар од нив беше истоимениот тим со 76:84, во рамки на 5. коло.

Битолчани во поголемиот дел од мечот беа во резултатска позитива, но попуштија кога беше најпотребно, во последната четвртина.

Најефикасен кај Пелистер беше Планиниќ со 21 поен, Бернард запиша 16, додека Мијовиќ го заврши месот со 12 коша.