Лидерот во Првата македонска кошаркарска лига, екипата на Пелистер, забележа уште една победа во домашниот шампионат, совладувајќи го Кожув со 79:67.
Гостите ги добија првите три четвртини (70:41) кога практично го решија победникот на овој дуел, па до крајот рутинирано го приведоа мечот.
Најзаслужни за оваа победа беа Кесар и Малешевиќ кои искомбинираа вкупно 36 поени, додека кај домаќинот најефикасен беше Колев со 20 коша.
Еуро Никел пак беше подобар од ТФТ Скопје со 80:74. Томиќ со 18 поени се издвои кај кавадарчани, Хортон и Ташовски со по 14 беа први имиња кај составот од Тафталиџе.