Екипата на Пелистер славеше на гостински терен кај Кожув со 100:88 за 15. победа оваа сезона во Првата кошаркарска лига, со која го држи чекорот зад МЗТ Скопје на првенствената табела.

Освен на стартот од мечот, тимот од Битола ја имаше контролата врз резултатот и сосема заслужено дојде до триумф на овој дуел. Најефикасен во редовите на Пелистер беше Хаџифејзовиќ со 24 поени и 11 скока, додека Стајиќ постигна 20 коша, осум скока и пет асистенции.