„Пајакот“ улови 316 непрописно паркирани возила

65

Минатата недела во општина Центар се санкционирани 316 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Во периодот од 25 ноември до 1 декември со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 177  непрописно паркирани возила, од кои четири несовесно паркирани возила на паркинг место наменето за лица со   посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 139 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани – информираат од ЈП ПОЦ.