„Пајакот“ на „ПОЦ“ отстранил 154 непрописно паркирани возила

142

Вкупно 326 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот се санкционирани од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во изминатите седум дена.

-Во периодот од 14 до 20  овој месец со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП „ПОЦ“, отстранети се 154 непрописно паркирани возила, од кои три несовесно паркирани возила на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 172 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани – информираа од ЈП ПОЦ.