ПАЃАЊЕ ВО НЕСВЕСТ И СОБЛЕКУВАЊЕ ВО АВИОН: Повеќечасовна агонија на лет од Грција, откажал клима уредот/ВИДЕО

906

Патниците кои требало да летаат од Грција за Катар беа „заробени“ во авион чијшто клима уред откажал на пистата на аеродромот во Атина. Патниците не можеле да излезат 3,5 часа додека температурата надвор од авионот достигнала 34 степени Целзиусови.

Во самиот авион имало многу повеќе степени, патниците се потеле, а некои дури и се онесвестиле, пишува Daily Mail. Меѓу патниците на летот на „Катар ервејс“ имало и неколку спортисти кои требало да се натпреваруваат на тајландскиот боксерски шампионат.

Некои од нив ги снимија неподносливите услови во авионот и ги објавија на социјалните мрежи. На видеото се гледа како патниците се соблекуваат, од нив капе пот, а други се обидуваат да им помогнат на оние на кои високата температура им била преголема.

По 3,5 часа пекол, на патниците конечно им било дозволено да се симнат и да отидат до зградата на аеродромот. Јужноамериканскиот спортски терапевт, Гарт Колинс, сподели неколку видеа на социјалните мрежи.

– Патниците биле задржани во авионот 3,5 часа со затворени врати и без клима. Патниците биле буквално дехидрирани и се онесвестиле во авионот. Некои мораа да фатат друг авион, до кој на крајот не стигнаа – рече тој.

– По некое време на патниците им давале вода и сокови, што не било доволно да се опорават по толку време поминато во услови налик на сауна.