Пациент со тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот

84

Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил информира дека во трансплантацијата на срце учествуваа тимови од Државната кардиохирургија предводени од проф. Сашко Јовев и од приватната болница Жан Митрев, предводени од академик Митрев, како и анестезиолозите од КАРИЛ на чело со др Маја Мојсова, Националниот координатор за трансплантација.

-Благодарност до колегите од сите клиники кои оваа долга ноќ работеа заедно со неверојатна посветеност. Здравствените работници се пример за тимска работа и соработка. За само една година имаме четири трансплантации што е неверојатен успех за македонското здравство-пишува министерот Филипче.