Патрик Стјуарт ќе емитува како чита по еден сонет од Шекспир дневно додека не заврши овој ужас

40

Многу од најголемите британски актерски легенди се заангажираа како да се остане трезвен во екот на пандемијата со Ковид-19, а особено во ситуација кога голем дел од нив припаѓаат на најранливата демографија подложна на зараза.

Џуди Денч објави неколку смешни видеа, очигледно од самоизолација со својата ќерка, додека ревносниот твитерџија сер Ијан Мекелен неуморно репостира стари твитови.

Патрик Стјуарт се појави со пренос од самиот себе како го чита 11 Сонет од Шекспир.
Тој одлучил секој ден да постира по еден сонет додека да заврши овој ужас, и повторно се врати со постирање на читањето на 1 сонет.

Со оглед на тоа што сонетите на Шекспир се 154, доволно за приближно пет месеци самоизолација, што е тажно сценарио. Да се надеваме дека многу побрзо ситуација ќе дозволи да го гледаме на сцена.

Извор:timeout.com