Партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, според првичните резултати, e победник на парламентарните избори во земјата.

Поранешниот комичар Володимир Зеленски во април беше избран за претседател но не успеа да назначи министрите по негов избор поради распоредот на силите во парламентот. Затоа тој свика предвремени парламентарни избори.

Партијата на Зеленски „Слуга на народот“ е именувана според неговото телевизиското шоу.

Според излезните анкети втора по популарност е про руската опозициска партија „За живот“.