Паркингот на Средно Водно го искористиле 350 возила

784

Паркингот на Средно Водно викендов го искористиле 350 возила, според бројот на испратени СМС пораки, информираат градските власти.

Тие потенцираат дека зонското паркирање на паркиралиштата на Средно Водно е воведено за да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и велосипедистите.

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли.

Инаку, паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.