Паркингот на Водно го искористиле 282 возила

24

Викендов, паркингот на Водно го искористиле 282 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Од Градот информираат дека  зонското паркирање на паркиралиштата на Средно Водно  од страна на јавното претпријатие „Градски паркинг“ е воведено токму како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно.

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.