Париз ги одби барањата на корзиканските националисти, но прифаќа дијалог

12

Француската Влада вечерва ги одби политичките барања на коризканските националисти, но сепак најави дека е подготвена за дијалог со новата регионална влада на Корзика за економски и социјални прашања.

Корзиканските националисти, кои во неделата остварија убедлива победа на регионалните избори во Корзика, вчера побараа зголемување на автонимјата на островот, изедначување на официјалната употреба на корзиканскиот јазик со францускиот и амнестија на „политичките затвореници“.

Тие се заканија со организирање масовни демонстрации доколку Париз не ги прифати нивните барања.

Портпаролот на француската Влада, Бенжамен Гриво вечерва изјави дека регионалните избори, на кои коалицијата на автономистите и сепартистите „За Корзика“ освои 56,5 отсто од гласовите, не претсавувале референдум за автономија или независност на Корзика.

– Тоа беше регионално гласање за иднината на Корзика, за економски развој, за транспортот, медицинската заштита, односно за животот на една заедница. (Официјален) јазик на Републиката е францускиот. А што се однесува до аменстијата, имаше криминал и беа изречени казни, кои треба да се издржат, нагласи Гриво.

Францускиот премиер Едуар Филип претхдно изјави дека Париз би можел да и даде некои „специфични надлежности“ на Корзика.

За таа цел Владата ја именува министерката за внатрешни работи Жаклин Гуро за владин претставник за врски со корзиканските пратеници.