Германскиот здравствен систем мора да биде подготвен за евентуален воен конфликт, изјави германскиот министер за здравство Карл Лаутербах, во интервју за германскиот весник „Ној Оснабрикер Цајтунг“. Според министерот, подготовката на лекарите и болниците за воен конфликт може да се сфати како предизвикување страв, но на целата ситуација гледа на поинаков начин.
„Треба да го реформираме нашиот здравствен систем. Покрај тоа, Германија може да стане центар за помош и лекување на ранетите и повредените од други земји, поради обврската кон нашите сојузници“, рече тој, додавајќи дека Германија веќе примила повеќе повредени од Украина на лекување од која било друга европска земја.
Според него, сега „постои вакуум во законодавната власт“, кој властите го елиминираат „за да бидат подготвени за катастрофа или воен сојуз – колку и да е тоа малку веројатно“.
„Во случај на криза секој лекар, секоја болница и секоја здравствена установа мора да знае што да прави. Потребна ни е јасна одговорност – на пример распоредување на повеќе ранети низ германските болници“, рече министерот за здравство.
Тој нагласи дека е важно да се дефинира процедурата за ангажирање и распоредување медицински персонал во случај на криза, како и дека сето тоа мора да се разработи во пракса.
Лаутербах појасни дека не мора да се мисли само на „подготовки за идни пандемии“, туку и на „поголеми катастрофи и можни воени конфликти“ и дека до лето ќе предложи нацрт на нов закон за здравство, на кој работел со специјалци од германската армија, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи. „Би било глупаво да се каже дека се подготвуваме за воен судир и потоа опуштено да мислиме дека поради тоа нема да се случи тоа“, рече тој.
Од сето горенаведено, се чини дека паранојата за третата светска војна, односно конфликтот меѓу НАТО и Русија, стигна и до германското Министерство за здравство, што не треба да чуди со оглед на протечените разговори за плановите на германската армија за напад на Кримскиот мост, пренесува RT Balkan.