Папата порача: Здравствените работници имаат право да одбијат да изведуваат абортус

    34
    Здравствените работници имаат право да се повикуваат на приговори за совест и да одбијат да учествуваат во абортус, рече папата Франциско, кој постапката ја нарече „убиство“.
    „Денес стана мода да се мисли дека би било добро да се отстранат приговорите за совест (за ова прашање). „Приговорот за совеста никогаш не треба да се преговара, тоа е крајна одговорност на здравствените работници“, рече папата пред учесниците на конференцијата во римската болница, пренесе Ројтерс.
    Тој го повтори ставот што често го изразуваше претходните недели дека „абортусот е убиство и дека на никој никогаш не му е дозволено да биде соучесник“.