Папарацо:За кого се мажи ќерката на славниот фудбалер Драган Џајиќ?

85

Легендата на српскиот и ексјугословенскиот фудбал Драган Џајиќ, како и славната српска тенисерка Ана Ивановиќ ќе влезат во фамилијарни врски. И тоа благодарение на Драгана која е ќерка на Џајиќ и на Милош кој е роден брат на Ана. Овој 25 мај, на Денот на младоста, Драгана и Милош ќе го кажат судбоносното ДА. Идните сопружници најпрво ќе се венчаат во храмот на “Свети Сава”, а потоа свадбената веселба ќе се одржи во еден од белградските хотели кој се уште се држи во тајност. Инаку, папараците минатото лето ги фатиле гулабчињата на една Јадранска плажа кога ги разменувале нежностите.

-Тоа нема да биде голема свадба, туку мала забава за најтесен круг на роднини и пријатели, велат Милош и Драгана. Славната тенисерка Ана, сестрата на Милош, на свадбата на својот брат ќе биде со сопругот, познатиот фудбалер Бастијан Швајнштејгер. Ана вели дека уште отсега е многу радосна поради свадбата на Милош, дека му подготвува и големо пријатно изненадување, ама нема да открива за што се работи. Со оглед на тоа дека на оваа свадба ќе има и многу познати селебрити личности од естрадата и спортот, медиумите од регионот, особено од Србија, се веќе во интезивни подготовки да ги забележат сите занимливи детали.  Д.М. /foto:Instagram-FB/