Паника во Москва: Дојава за бомби на сите аеродроми

74

Службите за вонредни ситуации ги проверуваат сите четири аеродроми во Москва, откако се добиени анонимни закани за поставени бомби.

„Полицијата прими дојава за поставени бомби на аеродромите Внуково, Шереметјево, Домодедово и Жуковски. Истрагата е во тек“, соопштија службите.

Сепак аеродромите продолжиле вообичаено да работат и не се евакуирани.

Претходно денеска, непознато лице ја информирало полицијата дека се поставени бомби во десет судови и повеќе од десет училишта во рускиот главен град