Паника во Британија: Нов вид на свински грип се шири меѓу лугето

67
EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Во Велика Британија е забележано прво пренесување од човек на човек на нов вид на свински грип, а здравствените власти се обидуваат да го утврдат потеклото на вирусот. Во понеделникот, Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) потврди дека лицето било позитивно на тестот за грип „А H1N2v“, патоген сличен на вирусите на свинскиот грип кои се шират низ целата земја.

Според прелиминарните податоци, инфекцијата со „H1N2“ во Обединетото Кралство е генетски единствена во споредба со другите неодамнешни случаи на луѓе на глобално ниво. „Работиме брзо за да најдеме блиски контакти и да го намалиме потенцијалното ширење“, рече Мера Чанд од „UKHSA“, како што објави „Science Alert“.

По појавата на респираторните симптоми, лекар од Северен Јоркшир го тестирал пациентот за грип на 9 ноември. Секвенционирањето на геномот и „PCR“ тестирањето го идентификуваа вирусот „H1N2“. Пациентот имал поблаги симптоми на болеста и на крајот целосно закрепнал.

Епидемии на свински грип, респираторно заболување на свињите предизвикано од вируси на грип од типот А, често се јавуваат кај свињите и повремено се пренесуваат на луѓето. Иако „H1N2v“ никогаш досега не бил идентификуван кај луѓето во ОК, „UKHSA“,вели дека имало 50 случаи на инфекција ширум светот од 2005 година.

„Овие вируси обично немаат способност да се шират од човек на човек и најчесто се заразуваат по директен или индиректен контакт со свињи“, објасни вирологот Иан Браун од Агенцијата за здравје на животните и растенијата во Велика Британија.

Молекуларниот виролог Ед Хачинсон од Универзитетот во Глазгов предупредува дека вирусите на грипот А понекогаш може да се инкорпорираат во нови видови домаќини. „Вирусите на човечката и животинската инфлуенца А може да се парат ако завршат во истиот домаќин и создадат хибридни потомци кои се добро прилагодени на развојот кај луѓето, но кои нашиот имунолошки одговор на претходни инфекции или вакцини против грип не го препознава“, објаснува тој.

„Затоа е особено важно да се следи ширењето на вирусот на грип А“, додава тој. Треба да се напомене дека споменатиот нов вид на свински грип се разликува од свинската чума. Африканската свинска чума е вирусна заразна болест на домашните и дивите свињи. Не е опасно за луѓето, односно од неа не можат да се разболат ниту луѓето ниту другите животни.